Нема фекална канализација и вода за пиење во повеќе места и ветувам дека тоа ќе го средам за 4 години, рече Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на Македонската телевизија.

Стефковски вети за Раштак, Брњанци водоводни и канализациони мрежи и тоа квалитетни.

Гази Баба важи за најзагадена општина, потоа потребен е план за намалување на загадување, чистење на диви депонии, почеток на гасификација. Исто така треба да се затвори депонијата Вардариште, а ќе направам и реален катастар на загадувачи, кажа Стефковски.

Тврдењата на актуелниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, Стефковски посочи дека се лага.

Појдете и во Раштак и во Булачани и да ги прашате дали имаат квалитетна вода за пиење, му посочи Стефковски на Георгиевски.

Стефковски рече дека во изминатите 4 години главно сечел ленти на објекти започнати и речиси завршени во време не ВМРО-ДПМНЕ.

Кога беше локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше готово училиштето во Железара, училиштето Вера Јоциќ, културниот дом. Градоначалникот Георгиевски во изминатите 4 години само сечеше ленти на објекти изградени од локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.