Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на скопската општина Гази Баба на претстојните локални избори закажани за 17.октомври има решение за сообраќајниот метеж на улицата која поминува низ Триангла, Маџари и Хиподром.

Се обврзувам за изградба на нови две коловозни ленти во правец на улицата Благоја Стефковски која поминува низ Триангла, Маџари и Хиподром со што улицата ќе биде ново булеварско решение.
Со реализација на овој проект ќе се реши сообраќајниот метеж кој се создава на оваа улица и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Овој проект ќе се реализира во соработка со Град Скопје и идната градоначалничка Данела Арсовска, вели Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.