Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го посети семејството Османи од населеното место Сингелиќ.

Семејството Османи има загубено две жртви во несреќата.

Градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук напиша:

“Попладнево го посетив домот на семејството Османи од Сингелиќ кое во трагичната несреќа во Република Бугарија загуби свои двајца членови. Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек сакав лично да го посетам семејството и да изразам сочувство за трагедијата.

Не постојат зборови за утеха кои можат да го утешат господинот Идавер Османи кој во оваа несреќа ја загуби својата сопруга и својата 23 годишна ќерка. Во разговор со него, му дадов збор дека Општина Гази Баба е отворена и подготвена да помогне на семејството Османи во иднина”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.