Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ја информираше јавноста дека утрово оддржа прв состанок со кризниот штаб на општина Гази Баба.

На состанокот присуствуваа претставници на фирмите за зимско оддржување. Започнуваме со навремени подготовки за зимскиот период. Мора да има и ќе има навремено чистење и оддржување на улиците од снег.Кризниот штаб и фирмите за оддржување се подготвени за постапување на терен, напиша Стефковски во својата Фејсбук објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.