Вчерашното невреме покажа колку е здрава старата дудинка до градинката „13 Ноември“ – „Јасмин“ во Центар.
Иако вработени во градинката и жители од околните згради неколкупати досега било пријавувано дека дрвото е опасно, била направена проценка дека е здраво и не било исечено. Вчерашното посилно невреме покажа колку е тенка линијата од „здраво е дрвото“ до „среќа што немало деца и луѓе“.
Уште една среќа е што се откорнало кон дворот на градинката, па не предизвикало ниту материјална штета и нема оштетени возила.
Во близина на градинката има и основно училиште, така што навистина е среќа што невремето се случи во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.