Средношколка од трета година во средното училиште „Никола Карев” во Скопје е позитивна на ковид-19, пренесува МКД.мк, а веста за порталот ја потврди директорот на училиштето Андреј Манолев, кој вели дека се работи за ученичка од трета година и додава дека за сега од 1.170 ученици официјално потврден позитивен на ковид-19 е само еден.
Во класот во кој учела позитивната ученичка има вкупно 34 ученици, а за тоа кој ќе оди во изолација ќе одлучуваат епидемиолозите, вели Манолев.
Денес се прават епидемиолошките анкети на учениците, по што ќе биде кажано дали сите ученици или само оние кои седеле до ученичката, пред девојчето или зад девојчето ќе бидат во изолација. Учениците од класот чекаат инструкции од епидемиолозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.