Со допис од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, до директорите на средните уличилишта, било побарано присуство на 50-60 ученици од секое школо, за да се направи елката од луѓе на плоштадот Македонија, со која во саботата се обидуваа да се запишат во Гинисовата книга на рекорди.

Фотографијата со мејлот беше споделена на социјалните мрежи и предизвика лавина на коментари за тоа како пред само еден ден учениците беа етикетирани како кукли искористени во партиски цели, а кога станува збор за целите на власта, тогаш не станува збор за искористување.

Средношколците им се добри за правење елки и рушење Гинис, не им се добри во земја која руши Гинис по загаденост, да протестираат против загадувањето, порача Ивор Мицковски. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.