Средношколците кои денеска протестираа за чист воздух со писмено соопштение ги повикаа родителите, професорите и студентите да им се приклучат.

Факт е дека во текот на денот се соочивме со многубројни притисоци и обиди за спречување на остварување на ѓраѓанското право на протест. Во моментов голем број на средношколци самоиницијативно протестираат пред Собранието, а подоцна ќе се упатиме кон Министерството за животна средина на протестот организиран од Зелен фронт. Ги повикуваме сите граѓани, родители, професори, студенти да се приклучат кон протестот затоа што ако можеме ние средношколците можат сите. Уште еднаш апелираме дека овој проблем е од животна важност за сите, стои во соопштението упатено до медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.