Во Скопската зоолошка градина вчера се роди првото машко бебе – лемур оваа година. Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска, вели дека мајката и останатите лемури цело време се грижат за него.
Интерно, меѓу нас се шегуваме дека бебето ќе се вика Младен, бидејќи се роди два дена по Младенци, изјави Мицковска.
Таа вели дека во овој период, секоја година добиваат по околу седум до осум бебиња.
Лемурите најчесто се пораѓаат кон крајот на март и април, а кај нив владее матријархат, што значи дека сите женки подеднакво се грижат за малите бебиња и си помагаат, потенцира Мицковска.
Лемурите се распространети во Мадагаскар и живеат во суви отворени предели, шуми. Се хранат со растителна храна (плодови, листови, цветови). Тие се долги од 38 до 45 сантиметри, додека нивниот опаш е од 55 до 62 сантиметри. Инаку, нивната тежина е 3,5 килограми. Прстеноопашестиот лемур е најпознат вид од семејството на лемурите и е единствен член на родот лемур. Му припаѓа на подредот влажноносни од редот на приматите. Животното се нарекува маќ или маки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.