Можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес се темите на кои разговарале денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и градоначалникот на Општина Центар Сараево, Неџад Ајнаџиќ.

Градоначалникот Ајнаџиќ е во официјална тридневна посета во Скопје по покана на градоначалникот Богдановиќ и е прва од ваков тип, по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете општини лани во март, кога Богдановиќ ја посети Општина Центар, Сараево.

Областите за соработка за кои ќе разговараат двајцата градоначалници се во насока на регионален економски развој преку зајакнување на локалните самоуправи и меѓуопштинска соработка, соработка во образованието преку размена на најдобри практики и размена на ученици и наставнички кадар, евроинтеграции на Западен Балкан – Придонес и Бенефит за локалните самоуправи, како и зголемено регионално користење на ЕУ фондови. Дополнително градоначалниците ќе разговараат и за развој на локалниот туризам, со посебен акцент на старите чаршии во Скопје и Сараево, соопштуваат од прес-службата на Оштина Центар.

Во рамки на посетата, предвидено е и разгледување на новото основно училиште во населбата Капиштец, прошетка низ центарот на Скопје и Старата скопска чаршија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.