Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсосвка и генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар, д-р Арбен Таравари имаа кафе средба на која што заклучија дека за модерни градови потребни се квалитетни, ефикасни и брзи решенија.

На средбата разговараа за предизвиците со кои се соочува секојдневно градското раководство, како и за тоа како брзо и ефикасно да се постигнат успеси преку имплементација на еден нов пристап на менаџирање.

Благодарение на програмата и понудените проекти Арсовска ја доби поддршката од Алијанса на Албанците на претстојните локални избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.