Денеска имавме средба со Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство која го честиташе изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази надеж дека изборот на прва жена за градоначалник на главниот град во 30 години независност на државата, ќе биде мотив за многу жени да се вклучат поактивно во општеството со цел креирање на политики за развој.
На средбата стана збор за интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и Британската амбасада, што ќе придонесе за реализирање на поголем број заеднички проекти, како и за отпочнување активности за привлекување странски инвестиции во нашиот град, напиша на Фејсбук, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.