Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, во скопската општина Аеродром е во завршна фаза, објави на фејсбук градоначалникот Тимчо Муцунски.
На предлог на Муцунски спортскиот центар во Ново Лисиче го доби името „Марко Божиновски“ во чест на прерано починатиот младински ракометен репрезентативец, 20-годишниот Марко, кој беше жител на Аеродром.
Во финална фаза е средувањето на спортскиот терен во Ново Лисиче. По стапките на ракометарот Марко Божиновски веруваме дека од Општина Аеродром ќе никнат нови таленти кои ќе ја претставуваат општината, но и Македонија во светски рамки!, објави Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.