Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, имаше средби со дуќанџии во населбата Автокоманда, во скопската општина Гази Баба.
На средбите се разговараше за преземените мерки за заштита на микро бизнисите во здравствено-економската криза, како и за новите мерки за развој на економијата во Програмата на СДСМ.
Во Програмата на СДСМ се обврзуваме за брза трансформација на македонската економија. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти и раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Покажавме дека кога има политичка волја, парите се насочуваат кон потребите на граѓаните, кон најзасегнатите, тоа е правично и праведно и така ќе продолжиме да работиме, уште повеќе и подобро, рече Спасовски.
Тој зборуваше и за реализацијата на домашната платежна картичка како мерка којашто им помага на засегнатите категории граѓани, но и ја поттикнува потрошувачката на домашни производи: храна, текстил, домашни услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.