Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Оливер Зафировски денес ги посети пазарџиите и граѓаните кои работат и функционираат на пазарот Тафталиџе.
Тие разговараа за условите во кои работат во сите годишни времиња и сите проблеми со кои се соочуваат.
Пазарџиите се секогаш тука да ни обезбедат органска храна и затоа сакам да ги подобриме условите во кои тие работат и функционираат секој ден од неделата, па дури и на празници. Од ова место се заложувам да ги остварам сите мои ветувања кои се предвидени во нашата програма. Вратите на општината ќе бидат секогаш отворени за нив – рече Зафировски.
Дополнително Зафировски најави дека ќе биде изграден нов пазар во Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.