Советот на Општина Карпош денеска ја одржа првата седница од конститутивен карактер. Добрила Андоновска, најстариот член на Советот ја отвори седницата и им го честита мандатот на советниците.
За претседател на Советот на општината е избран советникот од партијата Левица, Бранко Ристов. Советниците избраа претседатели и членови на 11 комисии кои во четиригодишниот мандат ќе расправаат за теми со непреченото функционирање на локалната самоуправа.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им предложи на советниците да размислат и да достават конкретни предлози и проекти што се во интерес на граѓаните.
Јакимовски ги повика советниците да присуствуваат на јавната презентација на планерските куќи, што во моментов изработуваат урбанистички планови за општина Карпош. Презентацијата ќе се одржи следниот викенд во салата за проекции, во рамки на Кинотека на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.