Сите советници од опозицијата кои се членови со Советот во Град Скопје денеска ја напуштиле седницата на која што градоначалникот Петре Шилегов вонредно, на дневен ред ја вметнал и точката за оттуѓување на Градска куќа, дознава „Република“.
Шилегов само пред десетина дена изјави дека нема да ја продава Градска куќа која што почна да се гради во времето кога Коце Трајановски беше градоначлник на Скопје.
Почетната цена за продажба на Градска куќа е 12,7 милиони евра. Почетната цена на јавното наддавање е сумата за која беше изградена Градската куќа, се вели во одлуката на градоначалникот за која денес ќе одлучуваат членовите на Советот на Град Скопје.
„Причините за продажба на недвижен имот – Градска куќа е поради недоволниот капацитет на внатрешните простории во кои е потребно да се смести администрацијата на Град Скопје“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.
Градоначалникот на Скопје пред една недела велеше дека ВМРО-ДПМНЕ измислува дека започнал процес на отуѓување на новата Градска куќа. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ неодамна потенцираше дека „Крадоначалникот Петре Шилегов е пред нова „бонбона бизнис“ типична за власта.
Како што дознаваме, на дневен ред исто така е и точката за нови вработувања во Град Скопје.
Сега се поставува прашањето дали со дел од парите од продажба на Градска куќа ќе се плаќаат новите вработувања во Град Скопје.
фото: Билд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.