„Водно ќе го вратиме на Скопјани. Водно ќе биде повторно белите дробови на нашиот град“ им порачуваше на Скопјани градоначалникот Петре Шилегов од предизборните митинзи во 2017. Заштитата на Водно стои во неговата предизборна програма и таму се најавуваше дека „ќе се постават нови заштитни гранични линии зад кои зеленилото ќе биде неприкосновено и во заштита на градот. Овие заштитни линии нема да можат да бидат заобиколувани со т.н. времени објекти, урбани опреми и слични изговори за профит“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, во 2018 Шилегов напрвин дозволи гасоводната линија да помине низ срцето на парк-шума Водно, за по протестите на екологистите да изјави дека тој е гарант за зачувување на планината. Владата тогаш вети и специјален закон за заштита на Водно. Сепак, во 2019, во Студијата за ревалоризација на парк-шума Водно со амин на Градот беа исцртани нови, повисоко поставени граници на Водно и се намали степенот на неговата заштита. Водно станува бразилска фавела, а Шилегов со прст не мрда за мегова заштита.

Законот не беше донесен, а не беше извршено ниту планираното пошумување за што МЕР имаше издвоено околу еден милион денари како компензација на штетата сторена со изведбата на гасоводот. Место тоа, Шилегов во медиумите зборуваше за „разубавување“ на Водно и негова „урбанизација“, со изградба на екшн-паркови, велосипедски патеки и зиплајни. Ништо од зиплајнот, ништо од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно. За три години не е превземен ниту еден чекор за заштита на Водно. Неспособноста на Шилегов најголема закана за Водно, велат од советничката група на опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.