Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти денешната 54та седница на Советот, во знак на протест за ставањето на дневен ред на дополнителни точки кои немаат потврдена итност.
Во Советот на Град Скопје стана редовна пракса да се испраќаат материјали до советниците, пред самиот почеток на седницата, за советниците од опозицијата да немаат доволно време да се подготват, да направат анализа и да може да дадат квалитетен придонес во расправата по истите, велат од партијата.
Додаваат дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во насока на конструктивност во минатото прифаќала да се дискутира за материјали, но доколку имале итност и неодложност, што не беше случај со денешните точки: извештај за шест месечна работа на ЈП Водовод и Канализација и функционална анализа на ЈП Паркови и зеленило, за кои претпријатијата имале доволно време да ги подготват и да ги достават навреме.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека ова се обемни извештаи кои бараат време за разгледување и не треба да се додаваат на дневен ред, но ова барање беше отфрлено од владејачкото мнозинство.
Во насока на јакнење на демократските капацитети, јавно бараме да престане оваа пракса на дополнување на дневниот ред со материјали кои не се итни, кои се важни, а за кои опозицијата нема реално време да ги разгледа. Нагласуваме дека само со почит и примена на демократијата и слободата на говор, преку заеднички дебати на опозицијата и власта за важни прашања, Градот Скопје ќе може да оди напред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.