Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Петре Шилегов дека е подготвен да го руши „Скопје 2014“ и спомениците од тој проект.Тие велат дека после четири години бедно владеење на градскиот татко, единствено Шилегов го сруши плочникот на плоштад кој со месеци не може да го поправи. Така да Шилегов може да се сруши само себе си.
Еден совет, пуштете си ја чергата колку што ви се долги нозете, досега од вас Скопје виде само лепливи прсти. ВМРО-ДПМНЕ изгради велелепен град, Шилегов насади гинко дрво кое се исуши. Скопје наместо градски татко, го гази градски недоветен арамија.
Она што за Заев беше живот за секого, сега за Шилегов е “ќе го рушиме Скопје 2014”. Дури и за рушење треба работа, а познавајќи ја мрзата и неспособноста на Шилегов, и во натпревар за најнеспособен би бил на второ место, зошто е неспособен!П.С. Скопје не е чашка да ја испиете, Скопје е приказна која е поголема од вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.