Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, алармира дека скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, и во време на најголема криза вработува 175 партиски војници во градската администрација.
како што велат од советничката група, меѓу вработувањата што ќе бидат во ЈСП, има и советници, како и директор за инвестиции иако претпријатието функционира со донации и субвенции од Градот.
Мрзливиот Шилегов со скандалозни вработувања во претпријатието кое тоне во долгови и живее на субвенции од градот Скопје.
Додека фирмите отпуштаат луѓе поради корона кризата, мрзливиот Шилегов вработува 175 партиски послушници во ЈСП.
Неработникот Шилегов молчи и не коментира затоа што е фатен жив како ги распарчува и превработува државните институции со партиски војници додека приватниот сектор едвај преживува.
Нема објаснување од Шилегов како дури по три години од законот за јазици на списокот од 175 партиски вработувања се најде и место за советник на директорот за спроведување на овој закон. Што ќе го советува директорот овој советник кога ЈСП нема ниту преведувачи.
Потоа директорот на ЈСП ќе добие и оперативен директор и директор за инвестиции. Која инвестиција ќе ја донесе во ЈСП кога ова претпријатие живее со донациите и субвенциите на градот Скопје.
Зошто во ЈСП неработникот Шилегов вработува лице за обезбедување и чување на имот кога претпријатието троши грдни пари за најмување на агенција за обезбедување на имоти и лица.
Јавноста ќе памети наместо работа 175 вработувања на партиски војници на мрзливиот Шилегов – велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.