Додека половина милион граѓани гладуваат и живеат со под 2 евра на ден, Петре Шилегов купува печеница, бадеми и лешници со парите на скопјани. Четврт тон апетисани, односно ф`стаци, бадеми лешници, индиски ореви, кикирики ќе се најдат секој ден на масата на Шилегов додека народот едвај има за леб и млеко, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов ќе купи 60 килограми ф`стаци, 90 кила бадеми, 55 килограми лешници и по 30 килограми кикирики и печени индиски ореви. Шилегов нема да остане гладен. За тоа ќе се погрижи набавката на печеница, свинска и телешка, разните салами и виршли. Не е само Заев тој што јаде со златни виљушки, Шилегов јаде печеница и бадеми, лешници и индиски ореви, додека народ нема леб да јаде. Скопјани работат, плаќаат даноци, а Шилегов со тие пари купува печеница, истакнуваат од опозицијата.
Петре, додека јадеш печеница, нека ти текне на половина милион македонски граѓани кои едвај имаат за леб и млеко. И да, за дупките по скопските улици, кои не стигна да ги закрпиш, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.