Сопствениците на ресторанот „Рагуза“, семејството Голомеиќ, се заблагодарија на брзата интервенција на пожарникарите.

Почитувани пријатели и клиенти на Рагуза, ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да ве известиме дека за среќа нема жртви ниту повредени. Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба. Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена, напиша семејството Голомеиќ на својот „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.