Повеќе од 130 љубители на природата од селата на потегот од Бразда до Бродец, ученици од селата Сандево, Кучевиште, Побожје, како и активисти од Скопје, учествуваа во масовна акција на чистење. Во акцијата се собрани над 100 вреќи со разни отпадоци од пластика и алуминиум, а општинското комунално претпријатие потоа, со вонредна акција го собра отпадот.
Иницијаторот на акцијата, Мери Пејоска, со свои средства обезбеди и донираше кеси, ракавици, колички и фаќалки за смет, додека друг донатор обезбеди сендвичи за вредните ученици.
Акцијата траеше неколку часа.
Акцијата беше исклучително успешна во својот обем и испрати порака. На следната акција очекуваме да ни се придружат и локални жители во уште поголем број. Честитки за децата и нивниот благороден подвиг, треба да бидат горди на себе, зашто главната поента беше токму подигање на свеста за зачувување на околината кај најмладите. Наредните денови ќе поделиме признанија за учениците и нивните училишта. Новото раководство на локалната самоуправа исто така ја подржа акцијата и се надевам дека во идните акции ќе помогнат повеќе. Покрај ваков одзив и упорност за истрајност во намерата, силно се надевам и верувам во скоро прогласување на Скопска Црна Гора за чиста планина, уште повеќе дека ќе дадеме позитивен пример за повеќе слични граѓански иницијативи наместо безкорисни критики или незаинтересираност – изјави Пејоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.