Група граѓани се собраа пред Универзалната сала на протест против најавите за нејзино рушење.
Граѓаните испратија апел и побараа реконструкција, а не уривање на Универзална, на собирот во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“.
Повод за собирот е конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на Универзална сала.
Поддршка на иницијативата дадоа голем број музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери и менаџери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.