Во општина Гази Баба се одржа државното училишно првенство во шах.

На првенството учествуваа над 100 ученици од основните и средните училишта на територија на Република Македонија.

Ми беше задоволство да го отворам првенството и да ги доделам дипломите и медалите на победниците.

 

Општина Гази Баба ќе продолжи со силната поддршка на училишниот спорт.

 

Благодарам на федерацијата на училишен спорт на Македонија за довербата, овој настан да се организира на територија на општина Гази Баба, а на сојузот на училишен спорт на Гази Баба им честитам за успешната организација – порача градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.