ЈП „Комунална хигиена“ информира дека се спроведени повеќе активности за одржување на хигиената на верските храмови на територијата на градот Скопје.
Екипите на претпријатието пред почетокот на Рамазанскиот пост извршија рачно миење со автоцистерни на дваесетина поголеми исламски верски објекти, меѓу кои Муратпашината и Мустафапашината џамија во Старата чаршија, „Јахја паша“ во Чаир и џамијата „Хусеин Шах“ во Сарај, соопшти денеска ЈП „Комунална хигиена“.
За велигденските празници, рачно миење беше извршено и на поголемите православни храмови, како соборниот храм „Св. Климент Охридски“, црквите „Св.Богородица“, „Св.Димитрија“, „Св.Илија“ и „Св.Архангел Михаил“.
Во пресрет на апостолската посета на папата Франциск, како и по неговото заминување, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ со засилени активности ја одржуваа хигиената и на католичката катедрала во Скопје.
Пред Велигденските празници ги чистевме православните цркви, додека на почетокот на Рамазанските пости спроведовме активности за миење на поголемите џамии. За време на неодамнешната посета на Папата, беа преземени посебни мерки за одржување на хигиената на католичката катедрала. За нас сите граѓани, без разлика на нивната верска определба, заслужуваат чисти и одржани верски објекти, вели во пишана изјава директорот на ЈП
„Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.