Промовирајќи го брзиот автобуски превоз во Скопје, градскиот татко Петре Шилегов не „чепна“ во пазарите.
Како никогаш досега пазарите ќе ни бидат достапни, зашто брзиот автобус ќе минува токму покрај сите пазарчиња.
Очигледно Шилегов никогаш не се возел во 23 после Градска.
Покрај тоа што значително ќе го забрза и поедностави градскиот сообраќај, воведувањето на новиот БРТ транспорт систем во Скопје со себе носи и други придобивки кои ќе влијаат на подобрувањето на секојдневните навики на скопјани.
При осмислувањето на двете траси кои ќе се протегаат долж градот, водевме внимание тие секогаш да поминуваат во непосредна близина на местата и објектите во градот кои се честа дестинација на нашите сограѓани.
Па така, покрај тоа што БРТ автобусите редовно ќе поминуваат покрај голем дел од средните училишта во Скопје, исто така ќе застануваат и покрај поголемите скопски пазарчиња, правејќи го одењето по намирници уште полесно и поедноставно за голем дел од нашите сограѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.