Скопјанец се пожали дека останале без електрична енергија сред ден, без претходна најава, додека член на неговото семејство е на кислородна поддршка во домашни услови.

Немаше вака во „ТОГАШНО СКОПЈЕ” да ти ја исклучат струјата а дома лежи член од Семејството со апарат за КИСЛОРОДНА ПОДРШКА…( и ова се случува) ЖИВОТОТ не кошта 100 € туку многу повеќе !!!!!??????, пишува скопјанецот Пановски во фејсбук групата Стари скопјани.

Околу пладне снема струја во поголем дел од Центар и Карпош. Исклучувањето не беше на листата на планирани исклучувања на ЕВН, во која се секојдневно се најавуваат местата каде екипи ќе работат на реконструкција на дистрибутивната мрежа.

Телефонот за поддршка на корисниците на компанијата беше исклучен целиот час додека напојувањето беше исклучено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.