За општината не градат ништо, но за себе градат многу. И ако Петре Шилегов си ја реконструира и си ја надградува семејната зграда во ек на избори, Велимир од Бутел си гради нова хациенда со базен среде избори. Значи за себе градат нелегални згради и хациенди, а за народот не градат ништо, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната средба во општина Бутел заедно со кандидатот за градоначалник Дарко Костовски.

Николоски додаде дека во очај на пораз Смилевски преку лажни портали потпомогнати од ДУИ се служат со одредени местенки и монтажи за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Костовски, нагласувајќи дека за ова ќе има одговорност по победата на 17 октомври на кои ќе се случат промени.

За да можат тоа да го прават мора да соработуваат со мафијата и во овој момент се жртви на мафијата. Гледајќи го очајот и поразот што ќе им се случи уште во првиот круг во општина Бутел одат со монтировски, местенки и очај преку лажни портали. За жал во тоа им помагаат и одредени структури на ДУИ кои што да ги потсетам исто така се дел од мафијата и кои што заеднички ќе одговараат после 17ти октомври, затоа што во Македонија ќе се случат промени не само на локално туку и на централно ниво, истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.