Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче.

Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите.

Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски остануваат фокусирани на решавање на горчливиот проблем со дивите депонии. Лоцирани се сите депонии на територијата на Општина Аеродром и активно се работи на нивно расчистување.

 

Општината воведе и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини.

 

Ова зачестено чистење на депониите дава свој придонес во борбата против загадувањето. Остануваме посветени на одржување и зачувување на јавната чистота затоа што аеродромци заслужуваат да живеат во здрава и хумана средина – информираат од локалната власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.