Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје. Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме! Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме – истакна Трајко Славески, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје на митинг во општина Гази Баба.
Славески порача дека на скопјани му се потребни проекти, а не празни ветувања.
На Скопје му се потребни проекти, вистински, реални и остварливи. Не само списоци на желби и празни ветувања за мегаломански зафати. Не само мостови кои не водат никаде. Ние се зафаќаме со решавање на вистинските проблеми на граѓаните – вели Славески.
Тој ја побара поддршката од грашаните на Гази Баба, на 17 октомври да излезат да го заокружат бројот 7 за Бобан Стефковски, за советот на град Скопје, како и поддршка за Данела Арсовска со заокружување на бројот 82 за модерно Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.