На Скопје му се потребни проекти. Вистински, реални и остварливи. Не само списоци на желби и празни ветувања. Не само мостови кои не водат никаде. Ние се зафаќаме со решавање на вистинските проблеми на граѓаните – порача Трајко Славески, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје на митинг во општина Аеродром.
Славески додаде дека со поддршка на Данела Арсовска се обврзуваат и гарантираат исполнување на клучните приоритети за градот.
Со целосна поддршка на Програмата за модерно Скопје на независниот кандидат за градоначалник и иден градоначалник Данела Арсовска, ние се обврзуваме и гарантираме исполнување на клучните приоритети за градот Скопје. Размислуваме и планираме стратешки, темелно и долгорочно, а делуваме практично, брзо и сигурно – истакна Славески.
Тој вети дека Скопје ќе биде град со ред во сообраќајот, град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз о фасифициран град со можност за приклучок на секое домаќинство.
Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје. Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме! Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме – истакна Славески од Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.