По рушењето на дивите тераси во Општина Центар, извршен е инспекциски надзор и во Скопската чаршија. Во надзорот било утврдено дека речиси сите угостители поставиле летни тераси без дозвола.

И покрај најавените казни од 5.000 евра, само неколку од сопствениците работеле на отстранување на летните тераси. Останатите сопственици посочуваат дека побарале, но не добиле дозвола од општината, бидејќи било најавено реновирање на калдрмата во Чаршијата.

Општина Чаир во понеделникот им даде рок од 5 дена на сите кафеанџии во Чаршијата да ги отстранат дивите тераси.

Градските и општинските инспектори велат дека голем дел од угостителските објекти многу години работеле на диво, без одобренија, а не плаќале ниту комунална такса за поставените маси на јавна површина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.