Онлајн изданието на британскиот весник Дејли меил објави прилог во кој ги пофали квалитетите на македонскиот фотограф Горан Атанасовски, опишувајќи го како многу умешен во доловувањето на нежноста меѓу животните во скопската Зоолошка градина.

Симпатичните фотографии ги прикажуваат животните во нивните нежни моменти, уловени од македонскиот фотограф Горан Анастасовски, почнува текстот на Дејли меил.

Анастасовски е чест посетител на Зоолошката градина во Скопје каде ги „лови“ овие пози од кои ќе ви се стопи срцето.

Фотографирањето животни е мојата најголема страст и ако успеам да направам барем еден човек повеќе да се грижи за животните, сум ја постигнал целта. Со секоја фотографија што ја снимам целта ми е да ја доловам не само убавината на животното, туку и хуманоста на животните и нивната способност да бидат грижливи и да искажуваат љубов, изјави Анастасовски за изданието.

Анастасовски можете да го следите на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.