Гостин кој престојува во еден од скопските хотели се тестира за коронавирус, објави „ТВ21“.
Се работи за лице кое не е државјанин на Македонија, а престојува во хотел на улица Македонија.
Неговата хотелска соба е изолирана, а хотелот е поставен под карантин и забранети се влез и излез од истиот.
Во секој момент треба да почне редовната прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче на која тој информира за состојбата во државата со ковид-19. Досега само кај еден пациент е потврдено присуство на коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.