Зоолошката градина во Скопје ќе стане биде оспособена за потребите на лицата со оштетен вид. Денеска, директорот на Зоолошка градина-Скопје, Ѓорѓи Галетановски, одржа работен состанок со директорот на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид Горанчо Јакимов, секретарот на Национален сојуз на слепи, Стерија Димов, и професорот на Штуловиот универзитет, Шпетим Љатифи.

На средбата беше договорено заеднички да се отпочне процес за зоолошката да биде целосно адаптирана за посета на оваа категорија на лица.

Мислам дека ќе бидеме прва Зоолошка во Европа која ќе биде оспособена на ваков начин, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид, бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални тактилни патеки, информативни табли со звуци и Браево писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација – изјави Галетановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.