Моментално Зоо-Скопје работи на проект за Дино парк. Станува збор за авантуристичка атракција со 50 диносауруси во природна големина кои испуштаат крици и се движат и кој би бил во рамките на Зоолошка градина. Во преговори сме околу изведбата на паркот, како и со потенцијални спонзори кои ќе го потпомогнат проектот, вклучително и градот Скопје, кој треба да ни даде поддршка.

Ќе имаме различни видови диносауруси, кои ќе се движат и ќе испуштаат звуци, изјави Тина Мицковска, портпаролката на Зоолошка градина Скопје

Таа очекува од пролет наредната година да почне реализацијата на Дино паркот. Вакви слични тематски Јура паркови има во големите светски и европски метрополи. Во наша близина ги има во Белград и на Златибор – соседна Србија, како и во Словенија.

Редно е и Скопје да добие Дино атракција, како и едукација за најголемите животни кои некогаш постоеле на планетата – вели Мицковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.