Скопската зоолошка градина доби ново бебе од видот белорак гибон.
Полот се уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја вознемируваме мама, а бебето има и постара сестричка-Софи, која се роди пред околу две години и за која пишуваа сите светски медиуми, токму поради фактот што гибоните се еден од најзагрозените видови и носењето подмладок на свет е реткост и во природата и во зоолошките градини, велат од Зоолошката.
Инаку станува збор за мајмун кој е загрозен во приридата од повеќе причини.
Најприсутна закана е губитокот на нивните живеалишта, односно масовната сеча на дрва, изградба на патишта, земјоделски активности, туризам, шумски пожари, неконтролирано уништување на шумите, изградба на нови села и насади на маслодајни палми…, велат од ЗОО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.