ЈСП Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“, останува иста како и на старите картички.

Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба. Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата, соопштуваат од претпријатието.

ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги.

Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно информирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето. Раководството на претпријатието е уверено дека сите овие новини ќе придонесат за значително зголемување на квалитетот на јавниот превоз во секој поглед, се вели во соопштението на ЈСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.