Град Скопје и во месец јули продолжува со бесплатните часови за вежбање под мотото „Скопје вежба – Движи се за здравје“.

Аеробик и пилатес ќе се вежба во скопската општина Аеродром, зад „Три бисери“. Јога часови ќе има во Градски парк, додека во паркот Македонија во Тафталиџе ќе има аеробик и голф.

Сите активности се реализираат на отворено и започнуваа од 19 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.