Петре шилегов се фали дека од Скопје создава една поинаква приказна ставајќи клупи по геадот.
Но, ова ли е таа поинаква приказна со која ја обезбеди довербата на скопјани?
Гласаа ли за клупи или за почист воздух?
Скопје се гуши, утро 24 јануари 2021 година. Шилегов ветуваше чист воздух за сите, епилогот низ фотографии покажува дека Скопје се труе, вели во соопштение до медиумите советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
За цели три години мандат скопскиот градоначалник не мрдна со прст за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Пред изборите ветуваше чист воздух за сите. Три години потоа резултатите се запрепастувачки лоши. Нема ниту еден проект за решавање на горливиот проблем, а неговите чекори се фасадерски и несуштински. Скопје цели три години е оставено без капитални проекти и тапка во место. Градоначалникот лажго го загрозува здравјето на скопјани, пишува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.