И денеска нивото на загденост во Скопје е исклучително високо. Главниот град на Македонија утринава е 10-ти најзагаден град во светот, покажува „Ервижувал“.

Мерните инструменти покажуваат дека најзагаден едел е Ректорат, односно потегот кај крстосницата, Универзитетска библиотека, Мавровка, Ректорат, каде надминува над 485 мг на м3 ПМ честички.

Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред се на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската котлина во зимски услови, која не дозволува дистрибуција на загадувачките материи, Градот Скопје издаде предупредувања и препораки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.