Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ. Колку беше важен српскиот кантавтор, сведочат и граѓаните кои вечерва се собраа пред платото на „неговата“ Универзалната сала со цел да му оддадат последна почит.

Балашевиќ зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Легендарниот српски пејач Балашевиќ почина вчера на 67 годишна возраст.

Настанот пред Универзалната сала е организиран од Град Скопје.

Вчера, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов откри дека токму со Балашевиќ се договарале за да ја отвори Универзалната сала, која во моментов е во фаза на реновирање.

Преземено од ТВ 21


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.