Први мај е пред прагот, а централната фонтана на плоштадот „Македонија“ сѐ уште е прекриена со церада. Минатата година, пак, фонтаната-прскалка беше пуштена во употреба неколку дена во октомври.

Ако ја следиме практиката, оваа несолена шега веројатно ќе се повтори и годинава. Вода ќе протече низ фонтаните во октомври наместо во април кога плоштадот е преполн со деца.

Минатото лето скопјани ќе го паметат по тоа што градскиот татко Петре Шилегов го стави личниот и партиски хир пред потребите на граѓаните, многумина кои немаат можност да отпатуваат на некоја дестинација, па летото го минуваат во Скопје. На фонтаните, од двете страни на Камениот мост цело лето има џагор, деца, туристи, сакале ние да признаеме или не, ни се допаѓало тоа или не фонтаните. Деца имаше и минатото лето, но не и џагор.

Предизборните ветвања на Шилегов и на СДСМ дека ќе ги уриваат спомениците од Скопје 2014 и сѐ што е изградено од ВМРО-ДПМНЕ беа илузија од самиот почеток. Невозможно е Шилегов, правник по вокација, зад кого стои цела правна машинерија од партијата, да не знае дека тоа не е возможно и дека ќе чини прескапо. Немоќта да се издигне со дела над она што го изгради ВМРО-ДПМНЕ Шилегов ја канализира изживувајќи се врз граѓаните и фонтаните.

Да не ја запреа градбата од инает и фрустрација, на 7 мај ќе го пречекаа папата со уште една фонтана на плоштадот „Македонија“, како дел од споменичната композиција Мајка Тереза.

Не се пушта ни фонтаната на плоштадот ВМРО пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ниту онаа на плоштадот „Филип Втори“ кај црквата „Св. Димитрија“.

Исклучени се и трите фонтани на плоштадот „Пресвета Богородица“ во Скопје.

Не работи ни фонтаната на мостот „Око“ спроти Археолошкиот музеј.

Не работи ни фонтаната на плоштадот во Гази баба каj споменикот на „Филип Втори“.

Зрел градоначалник фрустрациите не ги внесува в канцеларија

На плоштадот Македонија не се поправа ништо. Секоја скршена плочка, секоја извадена коцка, станува дупка полна со отпадоци и вода, бидејќи биле направени од друга власт.

Година и половина стои во место и полуизградениот пешачки мост помеѓу МЕПСО и МНТ со градилиште и градежен шут околу нив иако Шилегов вети дека мостот ќе го заврши но без панорамско го тркало. Абер нема мостот.

Двата објекти на самиот плоштад кои ги градеше сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко исто така стојат полуизградени речиси две години веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ.

Времето во Скопје е запрено. Две години не се работи на кулата на Водно.

Нема ништо новоизградени во центарот на Скопје одкако на власт дојде СДСМ. Нема ни паркови ама затоа спротивно на ветувањата има дозволи за градба на згради во сите општини на Скопје со лажна демагогија дека мораат да дозволат оти планот бил усвоен порано или дека ги смалиле за еден два ката и слично.

Во овој и во контекст на деструктивното, незрело и незаконско постапување водено од емоции, инает и фрустрации кон претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук коментираше со цитат од психоаналитичарот Ерих Фром: „Човекот кој не може да создава, сака да уништува“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.