На Скопје му се заканува епидемија на жолтица, бидејќи за неполни три месеци заболеле 60 лица. Професор и 14 ученици од неколку скопски училишта се дел од заразените со хепатит А. Болеста е регистрирана во речиси сите општини во главниот град, а Сарај е на врвот со дури 14 заболени, пренесе „Сител“ телевизија.
Деветмина заразени има во Ѓорче Петров, осуммина во Гази Баба, а седуммина се од Аеродром.
Од Центарот за јавно здравје – Скопје велат дека изворот на зараза не се училиштата, но имаат засилен надзор овој период со вонредни препораки до образовните установи за дезинфекција на просториите. На Инфективна клиника во моментот има 17 пациенти со заразна жолтица, од кои 10 се деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.