Скопје покажа дека е вело град, сметаат од Сојузот на спортови по денешниот велосипедскиот настан „Скопје на точак“.

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на годинашното второ издание на „Скопје на точак“. Велосипедистите тргнаа од фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, а се движеа кон ТЦ „Сити мол“.

За нивната безбедност се погрижи МВР чии претставници, заедно со организаторите, го следа караванот со брзина од 20 километри на час.

Скопје покажа дека е вело град, исто како во минатото. Возењето велосипед ќе им помогне на сите да се грижат за своето здравје и да ја заштитат животната средина, велат од Сојузот на спортови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.