Празни улици, затворени продавници и маркети, без вообичаената гужва за недела попладне. Ваква е сликата попладнево во Скопје откако Владата како една од мерките за борба против коронавирусот донесе одлука полицискиот час за време на викенд да почнува од 16 часот и да трае до пет часот следниот ден.

Од ограниченото движење изземени се оние кои работат во смени, но за нив се издаваат посебни дозволи за сменска и ноќна работа. Изземени се и земјоделците кои одгледуваат раноградинарски култури и кои имаат неодожни активности поврзани со производство во пластеници, додека другите земјоделци како сточари, полјоделци и оние кои се занимаваат со овоштарство доколку имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство мора да се јават во подрачните единици на Министерството за да добијат дозвола.

Полицискиот час за граѓаните од денеска ќе изгледа подолг бидејќи денот е поголем поради промената на часовниците за час нанапред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.