Го мразам Скопје навечер, вака твитерџијата Дарко Арсовски, споделувајќи го неговото искуство со ноќното живеење во главниот град.

Вчера се качив на зелениот кров на ГТЦ бидејќи го сметам за посмирено место од хаотичниот кич на Плоштад, а таму имаше приватна забава со шанк, коктели и шејкери, хостеси, листа… Местото требаше да биде отворено за граѓаните, а сепак стана кафич, почнува Дарко.

Продолжува со сообраќајната незгода која неодамна се случи во Скопје е во која животот го загуби млада жена.

Сабајле дознав дека минатата недела пријателка умрела бидејќи вечерта на булевар во центар, на пешачки со семафор, ја прегазил дечко, 26 годишен, кој го убрзал мерцедесот за да помине на црвено светло. Отспротива ја чекале маж ѝ со 5 месечното бебе, додава Дарко во вториот твит.

Скопје навечер е дистописки град каде човечки мир и живот не вреди ни 5 денари, завршува Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.