Омилената лага на Петре Шилегов изминативе 4 години е дека Скопје ќе стане зелен град. Шилегов се фалеше за нови паркови, зелени кровови, за милиони садници на дрва, ама сепак помил му е профитот и да заработи уште некој милион пред да си замине од функцијата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен што не знаат да работат, се неспособни и не реализираат ниту еден капитален проект, сега решија и да рушат спортски терени.

Наместо неработникот Шилегов и успаниот Богоев да изградеа некое спортско игралиште или некој парк, решија да рушат игралишата за да се изгради бетонска тврдина.

Овој пат дојде на ред СЦ „Борис Трајковски“ уништувајќи ги тениските игралишта, дел од базенот и картинг патеката пред СЦ „Борис Трајковски“ се со цел да се направи улица и на овој престор да никнат нови згради.

Ќе се случи целосно уништување на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради лични интереси на Петре Шилегов и Стефан Богоев.

Со овој план се узурпира и иднината на преку 500 дечиња кои се дел од спортските клубови во базенот и тениските терени кои се дел од Спортскиот центар. СЦБТ е омиленото свртувалиште на карпошани и на скопјани. Ама Шилегов и Боегоев тоа не ги интересира, битни се провизиите и парите.

Петре Шилегов и Стефан Богоев се одговорни за овој криминал. После изборите на 17- ти октомври Шилегов и Богоев ќе одговараат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.